Добредојдовте
Како што е веќе повеќегодишна традиција, секоја година на 1-ви мај на спортските терени на Основното Училиште „Симче Настовски“ во Вратница [види мапа на Google Maps] се одржува Традиционалниот Првомајски Турнир. Оваа година турнирот е со значително збогатена програма и, покрај спортските натпревари, вклучува наградни игри за публиката, културно-уметничка програма и директен пренос на Интернет.
Ги покануваме сите заинтересирани екипи да земат свое учество на натпреварите во мал фудбал и баскет, а воедно ги покануваме и сите граѓани со своето присуство да ја збогатат оваа традиционална спортска и културно-уметничка манифестација.
За забава на присутната публика во текот на турнирот ќе се погрижат DJ-ите Eclipse-X и Alex De La Force.
Промоција
Помогни во промоција на турнирот. Користи го следниот HTML код за да го закачиш нашиот банер (398x60) на твојот сајт, блог или личен профил, или пак на профилите на твоите пријатели.

<a href="http://vratnica.net/turnir2008" target="_blank"><img src="http://i28.tinypic.com/mb76vb.png" alt="Tradicionalen Prvomajski Turnir - Vratnica 2008" title="Tradicionalen Prvomajski Turnir - Vratnica 2008" border="0" /></a> 